Центарот на Млечниот Пат има вкус на малина, а мириса на рум, открија германските астрономи.
Научниците, во потрага по аминокиселини во вселената, кои се одговорни за создавање на живот откриле молекули на етил форматот која е одговорен за вкусот на овошјата. Етил форматот, исто така има ист мирис како и познатиот карипски алкохолен пијалак.
-Етил форматот и го дава вкусот на малината, но потребни се уште многу молекули за да се добијат вселенски малини, изјави астрономот Арнолд Белош.
Молекулите на етил форматот се откриени во „вжештениот и густ“ Сагитариус Б2, огромен облак составен од молекули на гас и прашина кој се наоѓа во центарот на нашата галаксија. Овие молекули се познати по тоа што ги впиваат радиоактивните зрачења, а потоа повторно ги емитуваат кон други енергетски полиња.
-За време на истражувањето идентификувавме 50 молекули, но две од идентификуваните молекули никогаш досега не биле откриени, вели Белош.
Тврдењето на Белош доаѓа само неколку месеци откако астрономите соопштија дека вселената мириса на пржен стек и метал при заварување.