Пишувај повеќе
Добродојдовте на нашиот форум.
Многу забава и запознавања на нови пријатели !
И секако уживајте во тоа што ви нудиме .
Станете дел од нас и регистирајте се !

ПишувајПовеќеТим
Пишувај повеќе
Добродојдовте на нашиот форум.
Многу забава и запознавања на нови пријатели !
И секако уживајте во тоа што ви нудиме .
Станете дел од нас и регистирајте се !

ПишувајПовеќеТим
Пишувај повеќе
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Пишувај повеќе

Добдојдовте на Пишувај повеќе
 
HomeHome  Latest imagesLatest images  БарајБарај  Регистрирајте сеРегистрирајте се  Влез  

 

 Загатка на универзумот?

Go down 
3 posters
АвторПорака
ControleR
Главен-Администратор
Главен-Администратор
ControleR


Број на мислења : 134
Поени : 30234
Join date : 2009-05-01
Age : 28
Местолокација : Велес, Македонија

Загатка на универзумот? Empty
ПишувањеПредмет: Загатка на универзумот?   Загатка на универзумот? EmptyПон Мај 11, 2009 10:35 pm

Ок еве една интересна приказна. Ме интерсира дали мислите дека е вистинита или не. Инаку приказнава е од книгата на професорката Биљана Перчинкова и кој ја запознал женава знае дека е една од најдобрите и најклалификуваните професори во Македонија,а во својата област и во странство.
Пред да ви ја раскажам приказната сакам да ви кажам дека таа потекнува од доверлив извор - од научно популарната книга "Релативност, хаос, Гедел" на Биљана Перчинкова. Проф. д-р Биљана Перчинкова е професор на Електро-техничкиот факултет во Скопје, после декан на Југоисточниот Европски Универзитет отсек Компјутерски науки и технологии и денес е декан на МИТ.
(напомена: поголемиот дел од приказната е цитат од горенаведената книга)

Па вака:

Во 1981 год., во својата книга The Mind's I, Christopher Cherniak, (инаку професор по филозофија на Универзитетот во Maryland), го објавува својот извештај за чудната кома во која западнал истакнатиот истражувач Dizard, непосредно по успешното завршување на својот проект "Загатка". Дизард не успеал да му се израдува на својот неверојатен успех, на кој би му позавиделе и најгенијалните математичари - да направи компјутерска програма која го ДОКАЖУВА проблемот на четирите бои. (Е сега, тука би сакал да кажам дека јас не можев да пронајдам ништо за овој проблем и не сум точно запознат за што се работи).
Дизард бил експерт во областа на вештачката интелегенцја. Иако тој бил познат по својот обичај да работи деноноќно, хранејќи се само со сомнителни артикли од блискиот автомат, сепак комата во која западнал била тешко објаснива и по многу нешта необична - Дизард бил пронајден неподвижен пред својот компјутер, со поглед вперен кон екранот. На прашањата не одговарал, ниту пак на силна бука, ниту на обидите да се потресе. Сите настојувања за да се разбуди човекот пропаднале и тој набрзо починал.
По ова една негова дипломирана студентка била ангажирана да ги среди неговите заостанати хартии и програми; Иако подот од неговата канцеларија бил прекриен со книги до значителна височина, студентката изјавила дека малку нешто од тоа е од посебен интерес. Меѓутоа, една седмица подоцна, нејзините колеги ја пронашле како седи неподвижно пред компјутерот со поглед втренчен во екранот!
Набргу станало јасно дека не се работи за некоја невкусна шега, туку дека кобната кома повторно нападнала. Неврологот кој бил повикан бил немоќен и по забрзаните консултации Одделот на Дизард бил затворен, а неговите соработници ставени во карантин. Имено, се појавило сомненние дека некој редок вид вирус се вгнездил во силиконските плочки на компјутерот.
Иако биле во карантин, некои од програмерите сé уште ги примале податоците од проектот "Загатка", преку телекомуникациската мрежа. Еден од нив по некое време побарал помош од својот супервизор. Овој ги погледнал линиите прикажани на екранот, забележал дека материјалот не изгледа значаен, но одненадеж запрел на сред реченица, го вкочанил погледот и паднал како покосен.
Тогаш станало јасно дека не се работи за некој вирус, туку за можеби апстрактно парче информација, кое може да биде сместено на лента, прикажано на екран или испратено преку телефонските линии (не заборавајте, станува збор за 80-тите години).
Потоа почнале да се редат низа случаи: истакната математичарка од Париз, (експерт по топологија), подлегнала на чудната кома - иако не работи со компјутер. По неа и теориски лингвист и филозоф од Калифорнија. Дури и студентите кои слушале предавање од предметот вештачка интелигенција! Во последниот случај интересна особеност е тоа што некои од преостанатите слушатели подлегнале 3 часа подоцна, извикувајќи претходно "Аха!"
Истражувачите биле потполно немоќни, а прашањето останало:

"Во што е загатката?"
Вратете се на почетокот Go down
https://pishuvajpovekje.macedonianforum.net
n1kolche^^
Модератор
Модератор
n1kolche^^


Број на мислења : 166
Поени : 199
Join date : 2009-05-02
Age : 28

Загатка на универзумот? Empty
ПишувањеПредмет: Re: Загатка на универзумот?   Загатка на универзумот? EmptyПон Мај 11, 2009 11:34 pm

neznam Very Happy
Вратете се на почетокот Go down
woLLennN
Модератор
Модератор
woLLennN


Број на мислења : 190
Поени : 256
Join date : 2009-05-05
Age : 28
Местолокација : Велес, Македонија

Загатка на универзумот? Empty
ПишувањеПредмет: Re: Загатка на универзумот?   Загатка на универзумот? EmptyЧет Мај 14, 2009 6:12 pm

Појма неам....хаха у кома паднал после проектот со загатката !
Вратете се на почетокот Go down
http://www.mightygaming.top-me.com
Sponsored content





Загатка на универзумот? Empty
ПишувањеПредмет: Re: Загатка на универзумот?   Загатка на универзумот? Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Загатка на универзумот?
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Пишувај повеќе :: Живот :: Мистерии-
Отиди до: