| Converse All Star - приказната за легендарните "старки" | |
|
+5Victi[m]izeR FILIPW Legijata ControleR MaRiJaSkiTwZ 9 posters |
Автор | Порака |
---|
MaRiJaSkiTwZ Станува озбилен
Број на мислења : 42 Поени : 60 Join date : 2009-05-02 Age : 29 Местолокација : Скопје , Македонија
| Предмет: Converse All Star - приказната за легендарните "старки" Саб Мај 02, 2009 7:28 pm | |
| Converse All Star, легендарните патики од платно со гумен ѓон се родени во 1917 година, како обид на оваа фирма да се пласира на пазарот на кошаркарска облека. Во тоа време, ова бил навистина пионерски и иновативен обид, бидејќи и кошарката како спорт тогаш била стара само 25 години (имено, дури во 1936 година, кошарката е запишана во семејството на олимписки спортови). Сепак, успехот на пазарот го доживеале во дваесеттите години, кога одушевен од нивната удобност ги прифатил кошаркарот Charles H. "Chuck" Taylor, воедно станувајќи и нивен главен промотер. Откако производителот прифатил неколку негови сугестии за флексибилноста, патиката го добила своето сегашно име и препознатливиот потпис на Taylor на сошиената етикета. До 1966, Converse нудел само црна и бела варијанта, а потоа биле воведени и нови бои за патиките да можат да им одговараат на различни тимови. Во овој период, производителот сочинувал дури 80% од американскиот пазар на патики. Следен е периодот на иновации кој донел модели од нови материјали: кожа, џинс, коноп и лен. До својата смрт во 1969 година, во нивното дизајнирање учествувал и самиот Chuck Taylor. Кога Nike го купи Converse, целото производство беше комплетно изнесено од Америка, а се случија и измени во дизајнот од кои најзначајна е промената со која платното на патиките повеќе не е во два слоја. Вистинските љубители на овие патики велат дека разликата е навистина забележителна. Крајно едноставен дизан, неповторлива леснотија, удобност и специфична индивидуалност која им ја даваат препознатливите бои се главните адути на популарните "старки". Меѓутоа, некои не би се сложиле со ова и ги опишуваат како крајно грди патики кои ги носат сите оние кои себеси барем малку се сметаат за алтернативни и ги сметаат за преценети. Сепак, All Star се дефинитивно најуспешните патики во историјата. Во новиот век влегоа со дури 750 милиони продадени парчиња, а се проценува дека секоја недела ширум светот се продаваат по 30.000 пара. Од почетокот до денес, нивната целна група навистина се има сменето многу. Кошаркарите со текот на времето прејдоа на помодерни патики, а All Star патиките станаа таргет на тинејџерската популација и со тоа станувајќи и незаобиколен дел од поп културата. Кон крајот на седумдесеттите, овој модел стана еден од најбитните симболи на панк движењето, а нов бран на популарност доживуваат во деведесеттите со грунџ и хип хоп културата. Различните општествени групи преферираат и одредени бои и шари, па така на рок сцената најбарани биле оние темните. Сепак, се погласни се критичните коментари кои укажуваат на недосладноста на панк движењето поради носење на патики зад кои денес стои Nike. | |
|
| |
ControleR Главен-Администратор
Број на мислења : 134 Поени : 30234 Join date : 2009-05-01 Age : 28 Местолокација : Велес, Македонија
| Предмет: Re: Converse All Star - приказната за легендарните "старки" Саб Мај 02, 2009 11:37 pm | |
| Ти имаш?
-Иначе добри патики ! | |
|
| |
Legijata Почнува да сваќа сериозно
Број на мислења : 50 Поени : 70 Join date : 2009-05-02 Age : 30
| Предмет: Re: Converse All Star - приказната за легендарните "старки" Пон Мај 04, 2009 10:48 pm | |
| Скапи се ... иначе суп се ! | |
|
| |
FILIPW Почнува да сваќа сериозно
Број на мислења : 87 Поени : 131 Join date : 2009-05-05 Age : 28
| Предмет: Re: Converse All Star - приказната за легендарните "старки" Вто Мај 05, 2009 7:07 pm | |
| Гуд Гуд имам Конверс Ама не се стартки - КОшаркарски | |
|
| |
Legijata Почнува да сваќа сериозно
Број на мислења : 50 Поени : 70 Join date : 2009-05-02 Age : 30
| Предмет: Re: Converse All Star - приказната за легендарните "старки" Вто Мај 05, 2009 10:47 pm | |
| | |
|
| |
Victi[m]izeR Почнува да сваќа сериозно
Број на мислења : 88 Поени : 92 Join date : 2009-05-03 Age : 29 Местолокација : veles
| Предмет: Re: Converse All Star - приказната за легендарните "старки" Вто Мај 05, 2009 11:11 pm | |
| абе какви стартки еднас купив и тоа усе порано и уше еднас нема никоаш:@ ме нервираат а иначе иам реебок :P:P:P | |
|
| |
n1kolche^^ Модератор
Број на мислења : 166 Поени : 199 Join date : 2009-05-02 Age : 28
| Предмет: Re: Converse All Star - приказната за легендарните "старки" Вто Мај 05, 2009 11:45 pm | |
| стартки само за физичко носам оти тој не не пуста без стартки | |
|
| |
woLLennN Модератор
Број на мислења : 190 Поени : 256 Join date : 2009-05-05 Age : 28 Местолокација : Велес, Македонија
| Предмет: Re: Converse All Star - приказната за легендарните "старки" Пет Мај 08, 2009 11:16 pm | |
| Isto koo nikolche.....ama i zgodni se za pucanje mora da se priznae | |
|
| |
MaRiJaSkiTwZ Станува озбилен
Број на мислења : 42 Поени : 60 Join date : 2009-05-02 Age : 29 Местолокација : Скопје , Македонија
| Предмет: Re: Converse All Star - приказната за легендарните "старки" Нед Мај 10, 2009 4:11 pm | |
| хахаха од конвеср до тие стартки вие шо ги носите на физичко , има голема разлика ! Тие се 100 денари овие се 50 евра ! А за првото прашање од контролер , имам ! | |
|
| |
DooMMasteR Станува озбилен
Број на мислења : 14 Поени : 14 Join date : 2009-05-07 Age : 28 Местолокација : Велес
| Предмет: Re: Converse All Star - приказната за легендарните "старки" Вто Мај 12, 2009 5:40 pm | |
| | |
|
| |
n1kolche^^ Модератор
Број на мислења : 166 Поени : 199 Join date : 2009-05-02 Age : 28
| Предмет: Re: Converse All Star - приказната за легендарните "старки" Чет Мај 14, 2009 3:15 pm | |
| како не згодни... си ја изгубив опремата некана сеа со најкот оам | |
|
| |
woLLennN Модератор
Број на мислења : 190 Поени : 256 Join date : 2009-05-05 Age : 28 Местолокација : Велес, Македонија
| Предмет: Re: Converse All Star - приказната за легендарните "старки" Чет Мај 14, 2009 6:29 pm | |
| ихахаха......па за СТАРТКИ (конверз ли биле какви ли биле, ист модел се) 50 евра не давам - Без навреда за Марија | |
|
| |
ailsachen Случаен поминувач
Број на мислења : 1 Поени : 1 Join date : 2011-05-05 Age : 41
| Предмет: Re: Converse All Star - приказната за легендарните "старки" Чет Мај 05, 2011 2:25 pm | |
| | |
|
| |
Sponsored content
| Предмет: Re: Converse All Star - приказната за легендарните "старки" | |
| |
|
| |
| Converse All Star - приказната за легендарните "старки" | |
|